Писателката Румена Бужаровска денеска прогласи за ,,најгрозни и најмрачни” илјадници македонски деца, жени, мажи, свештеници, монахињи, професори, студенти и други луѓе кои ќе учествуваат на големиот народен собир против законите на владата за родова еднаквост и закон за матична евиденција.
,,Внимателно денес. На улица ќе излезе најгрозното и најмрачното во Македонија”, пишува Бужаровска која не кажува зошто ги дава овие тешки квалификации за нејзините сограѓани, некои од нив малолетни.
Бужаровска во својот говор на омраза кон луѓе кои најголем дел не ги ни познава споделува повик на организации за човекови права кои повикаа денеска на денот на големиот народен протест кој го организира МПЦ-ОА нивните членови и симпатизери да бидат помалку видливи.
Целиот повик до ЛГБТИ заедницата:
Драги припадници на ЛГБТИ заедницата и поддржувачи,
Загрижени од енорминиот раст на пријави на инциденти и вербални напади и закани како онлајн, така и во физичкиот простор во последните денови, а предизвикани од вжештената атмосфера околу дискусијата на верските институции поврзана со носењето на законите за родова еднаквост и матична евиденција, ви се обраќаме со апел и совет за ваша и наша лична безбедност и добросостојба. Како граѓанско општество остануваме посветени на градење на општествена кохезија и надминување на раздорот и застапување за помирување меѓу нашите граѓани.
Со големо жалење и за првпат бараме од лицата од ЛГБТИ заедницата и поддржувачите да бидат помалку видливи и тивки во текот на денот на протестот, но нашата грижа за заедницата овојпат не’ приморува на тоа. Остануваме да бидеме гласни и посветени во борбата за еднаквост и демократија, но на крајот на краиштата најважно е да останеме живи и здрави за да можеме да продолжиме да ја остваруваме нашата визија за Македонија како земја на еднакви права и можности за сите граѓанки и граѓани.
Ве советуваме на 29 јуни, како и денот потоа:
-Да избегнувате да се движите на просторот на којшто се одржува протестот’
-Да избегнувате да носите обележја кои асоцираат на ЛГБТИ заедница во јавен простор;
-Да се движите низ осветлени и фрекветни улици и простори;
-Секогаш имајте мобилен телефон при рака, за да во случај на каков било инцидент – веднаш да ја контактирате полицијата;
-Во случаи на вербални напади и провокации, останете смирени и тивки и брзо упатете се кон место каде што има повеќе луѓе;
-Во случаи на вербални напади во такси, останете смирени и не влегувајте во дискусија. Побарајте да слезете на првото погодно место и напуштете го возилото во молк. Веднаш потоа пријатевет го возачот во такси компанијата, а инцидентот до надлежните институции;
-Во случај на напад или закани во автобуси, останете смирени и не влегувајте во дискусија. Излезете без збор на следната станица и пријавете во надлежни институции;
-Во случај на физички напад гласно барајте ПОМОШ!. Штом сте на безбедно веднаш пријавете.
Свесни сме дека ЛГБТИ заедницата ретко пријавува случаи на насилство и прекршување на права до институции и затоа ви излегуваме во пресрет. Случаите на напади, закани, агресии и вознемирување можете да ги пријавите во Хелсиншки комитет за човекови права – Helsinki Committee for Human Rights:
Од 09:00 до 15:00 часот 02/3119073
Од 15:00 натаму 078/734217
Чувајте се и останете во добро здравје.
Линк до апелот: http://coalition.org.mk/archives/12481
Фото: Принт Скрин ,,Ментор” Youtube
Поврзани вести
Кој можеше овие луѓе да ги навреди и однапред да ги осуди
Го искажаа својот став, никого не нападнаа ниту навредија (ФОТО ГАЛЕРИЈА на Слободан Ѓуриќ)
Писателката навреди илјадници чесни луѓе, ќе има ли процес за ширење говор на омраза
Пред Соборниот храм се собраа верниците кои Бужаровска ги нарече најгрозни и најмрачни (ВИДЕО)