Пирова победа за Таравари откако под притисок на партиски структури на АА премиерот Ковачевски не смее да смени владин директор осуден криминалец од Алијанса за Албанците.

Иако законот и процедурите се јасни и лице кое е осудено ме смее да биде директор на државна институција премиерот Ковачевски од страв дека ќе му се распадне владата не го менува директорот Ајдин Ајдини кој е кадар на Алијанса за Албанците.


Ајдини во 2015 година е уапсен за шверц со мигранти и подоцна осуден на затворска казна за која е помилуван а пред околу два месеци е поставен за директор на владина институција Агенција за поддршка на претприемаштвото

По избивање на скандалот извори во СДСМ тврдат сака Ковачевски му понудил на Таравари да стави друг кадар на местото на осудениот криминалец но лидерот на Алијансата за Албанците не прифатил затоа што бил уценет од скопското крило на партијата кое се заканило дека има контрола на двајца пратеници и ќе ја урне владата ако биде сменет осудениот криминалец и директор.

Два месеци по откритието дека владата контра законот именувала осуден човек за директор Ајдин Ајдини се уште е на својата позиција што е огромен удар и за лидерот на Алијансата за Албанците Таравари но и за вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска.

Во скопското крило на Алијанса се слави победата која беше најавена уште пред десетина дена.

Дополнување на веста

Владини извори тврдат дека на владина седница бил донесен заклучок да се повлече препораката за именување на Ајдин за директор на Агенцијата за претприемништво но дека немаат информации зошто Владата и управниот одбор на Агенцијата не излегуваат во јавност со променетиот став за директорот.

Бисер на денот: ДУИ не сака да биде во влада во која има функционери криминалци

Владата побарала смена на директорот криминалец кадар на Таравари но молчи за скандалот

Владата виси на конец за криминалец директор, Ковачевски не смее да го смени од страв од Алијанса

Најнови вести

Ќе се охрабрат ли бранителите на прошката за криминалците

Адвокат нуди ТВ дуел со Камбовски, Калајџиев и луѓето од СДСМ и ДУИ кои поддржуваат ,,амнестија” за функционерски кражби