Пиксел Гроуп Скопје, првата фабрика за производство на фотоволтаични модули во земјата го прослави вториот роденден со проширен капацитет и успешна продажба на домашниот и странски пазари и се наметна како производител број 1 во регионот на монокристални и поликристални фотоволтаични модули со највисок квалитет.
Воспоставена е стратешка соработка и партнерство со компанијата Just Solar од Шангај, која е една од водечките светски компании во оваа индустрија, што овозможува лесен и постојан пристап до најновите технологии, машини и материјали.
Најсовремената технологија и експертиза со која располагаме ја правивме достапна на голем број средни училишта и универзитети чии ученици и студенти имаат можност своите теориски знаења практично да ги видат во нашата компанија. Среќни сме што во изминатиот период голем број студенти од електротехничкиот и машинскиот факултет својата пракса ја поминаа токму во нашата компанија, а дел од нив веќе се вработени“, велат од компанијата.Inovativnost.mk