Пијан усмрти 11 годишно девојче, му ја намалија казната од 18 на 8 години

Апелациониот суд од Скопје му ја намали затворската казна од 18  на осум години на возачот Ангелче Николов (28) од Велес, кој лани на 17 декември, возејќи пијан на пешачки премин во Велес усмрти 11-годишно девојче и избега.

Велес: Со „мерцедес“ прегазил девојче и побегнал

Првостепената пресуда беше изречена во Основен суд Велес, а на Николов, кој пијан на пешачки премин смртно ја повреди 11-годишната Магдалена Иванова, му се судеше за две кривични дела: „Тешки дела против безбедноста на луѓето“ и за „Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“.

Телесни повреди доби и мајката на девојчето.

Во моментите кога го возел „мерцедесот“ тој имал забрана за управување на возило.