Уште едено лице кое беше повредено во експлозијата на плинска боца во Романовце денеска им подлегна на повредите, со што бројот на жртви се искачи на пет.
Триесет и шестгодишната жена им подлегна на повредите по три дена борба за живот на клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје.
На телото имала над 80 отсто изгореници што предизвикале компликации на нејзините витални органи, објави АлсатМ.