Министерката за одбрана Славјанка Петровска не се согласува дека НАТО го остави украинскиот претседател Владимир Зеленски сам да се бори против Русија.
„Не би рекла дека го оставивме сам поради тоа што мислам дека со сите механизми кои во минатиов период видовме дека ги преземаме, со сите мерки и активности во спротивставувањето на агресорот во Украина, мислам дека покажавме прилично голема солидарност. Ако од нас, како НАТО-алијанса, се очекува да извршиме воена интервенција во Украина, тоа е невозможно и таа дискусија веќе ја водевме дека НАТО-силите дејствуваат на својата територија и дејствуваат исклучиво во одбрана на територијалноста на НАТО-сојузниците. Тоа апсолутно не значи дека земјите што се дел од НАТО-алијансата, но и сите останати, не се приклучивме кон санкциите кои практично значеа отпор на таа агресија“, изјави Петровска во магазинот „Клик плус“ на ТВ 21.