Петровска од Ковачки доби јавна најава што ќе и се случува по смена на власта

Министерката за одбрана и неформална модна икона на владата Славјанка Петровска доби јавна најава што ќе и се случува по смена на власта.

Според пратеникот и екс полковник во АРМ Драган Ковачки министерката ќе се соочи со законска одговорност по смената на власта.

Ковачки го коментира јавниот настап на Петровска која сама призна зошто на офицерот кој бил во првите борбени редови во 2001 година СДСМ не му дава безбедносен сертификат.

,,Јавно признание дека одбивањето за НАТО сертификат е сработено дома во “реформираните” служби под раководство на СДС и Славјанка Петровска (Радмила Шекеринска)”, објави Ковачки додавајќи дека ,,Набрзо ќе дојде до смена на власта и ќе има законска одговорност”.