За разлика од нејзиниот партиски и владин шеф Димитар Ковачевски кој одбива ТВ дуел со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски министерката за одбрана е подготвена да се соочи на ТВ дуел со свој политички ривал од ВМРО-ДПМНЕ.
Петровска не само што е подготвена за дуел Римини самата го повика пратеникот Драган Ковачки да се сретнат пред камерите.
,,📌Како министерка за одбрана се залагам за високиот углед на Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија и нема да толерирам никакви обиди за добивање на ситни политички поени на штета на Армијата и Минстерството.
📌Со цел да ги разјасниме сите обвинувања кои вчера беа изнесени на седницата на Комисијата за одбрана и безбедност го повикувам пратеникот Драган Ковачки, поранешен припадник на Армијата на ТВ соочување.
Подготвена сум да одговорам на секое поставено прашање, но имам и неколку прашања кои во интерес на јавноста ќе ги поставам”, објави Петровска со што го понижи Ковачевски кој се уште бега од дуел со Мицкоски.
Ковачевски веднаш ја прифати поканата.
,,Благодарам за поканата за ТВ дуел од страна на министерот за одбрана, г-ѓата Славјанка Петровска.
Секако дека поканата за ТВ соочување ќе ја прифатам и нема да дезертирам како нејзиниот трајно неспособен Премиер кој прв и’ го лајкнал статусот.
Оставам на центрите за комуникација на двете партии во договор со националните медиуми да договорат термин за нашиот ТВ дуел”, одговори Ковачки.
Премиерот Ковачевски во неколку наврати одби ТВ дуел со Мицкоски.