Петнаесетгодишниот Мануел минатата среда ја задавил речиси до смрт својата девојка на иста возраст во шума во близина на Улм-Виблинген, Германија.
По злосторството повикал полиција и, според инспекторите, рекол: „Ја убив мојата девојка.
Итната помош го пронашла 15-годишното девојче и го однело во болница, каде во понеделникот почина.
Еден познаник за БИЛД изјави : „Мануел се смета за љубоморен и посесивен“. Таа, од друга страна, очигледно сакаше повеќе слобода“.
Мануел е уапсен недалеку од местото на злосторството, не давал отпор, а од четвртокот е во притвор.
Според информациите на БИЛД, неговиот татко исто така бил убиец.
Тој ја убил својата седумгодишна ќерка. Мажот по потекло од Србија на судењето сведочел дека интензивно се занимавал со теми како религијата и Куранот.
Во еден момент сфатил „дека морам да жртвувам едно од моите деца за Бога“.
Регионалниот суд во Улм го прогласи 41-годишникот за луд и пресуди трајно да биде сместен во психијатриска установа. Индекс.хр