Петнаесет починати, нови 356 случаи на коона

Во последните 24 часа се направени 1906 тестирања, а регистрирани се 356 нови случаи на ковид-19.

Починати се 15 лица, пет пациенти од Скопје (65, 64, 82, 60 и 66г), еден од Куманово (73г), три пациенти од Тетово (78, 36 и 61г), еден од Прилеп (69г), еден од Кавадарци (73г), еден од Кичево (51г), еден од Крива Паланка (79г), еден од Делчево (46г) и еден пациент од Кратово (59г). Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 587 оздравени пациенти.