Петковски: Ако вака се однесуваат кон „браќата“ од Македонија, како ли се однесуваат кон други

Бугарија беше и останува голем и засега единствен отворен непријател, реагираше на Фејсбук поранешниот собраниски спикер Тито Петковски по, според него, национал-шовинистичките изјави на Румен Радев, на Слави Трифонов и сличните на нив бугарски политичари.

„Ако се има предвид дека овие пораки од Бугарија доаѓаат само ден пред најголемиот христијански празник Божик, станува јасно дека се работи за луѓе без основни морални скрупули. Ако вака се однесуваат кон братска Република Македонија, како што вели Румен Радев, како ли се однесуваат кон оние, кои не им се браќа?“, напиша Петковски на Фејсбук.

Изјавата на Птековски доаѓа по денешната „порака“ од бугарскиот претседател Румен Радев кој ги наброја бугарските услови за напредок на Македонија кон ЕУ.