Во ниту еден случај нема да има коалиција ГЕРБ – „Продолжуваме со промената“ (ПП) изјави за бТВ поранешниот премиер и копретседател на ПП, Кирил Петков.
“ Имаме 16 приоритети кои ни се важни и затоа што се важни за бугарскиот народ – од пензии до минимални плати, и подготвени сме да разговараме со која било политичка сила за нив, но тоа мора да биде во Народното собрание, пред камери…“ објасни Петков.
„Јасно кажуваме, нема да го поддржиме првиот мандат, важни ни се тие 16 приоритети и како опозиција ќе ги поддржиме, кој и да ги предложи. На ГЕРБ му покажуваме како треба да се прават работите. Минатото на старите договори во темни соби не поминуваат кај нас“, нагласи Кирил Петков.
Петков додаде дека ГЕРБ не треба да ја повика на разговор само ПП, туку сите партии.
„Така се прави. Видете дали може да обезбедите 121 од 240 пратеници“, рече тој.
Паток рече дека ако неговата партија го добие мандатот за состав на влада ќе разговараат со сите политички партии.
