Лидерите на партијата „Продолжуваме со промените“ и посакаа на ГЕРБ на екс-премиерот Бојко Борисов успех во формирањето на новата влада.
И двајцата копретседатели на ПП – Кирил Петков и Асен Василев изјавија дека нема да коалицираат со ГЕРБ и ДПС – како што им ветија на гласачите.
Таканареченета реформска влада на премиерот Кирил Петков беше соборена во јуни по само шест месеци на власт.
„Ги загубивме изборите, иако со мала разлика, а сега ГЕРБ ја има одговорноста да формира коалиција и да управува со земјата – рече петков по објавувањето на првичните резултати од вонредните парламентарни избори во Бугарија, четврти за помалку од две години.
Сепак, од Продолжуваме за промената“ се заканија дека ќе бидат конструктивна опозиција и ќе го следат секој лев од бугарскиот даночен обврзник како се троши.
Но, не е јасно што ќе прават доколку ГЕРБ не успее да оформи влада и ако мандатот дојде до нив.
„ ПП ќе го почитува изборот на народот, а ГЕРБ во моментов има огромна одговорност. Народот им даде мандат, сега на ред е да коалицираат, посочи Петков и нагласи дека ПП ветува дека нема да коалицира со ГЕРБ и ДПС како што впрочем им ветиле на граѓаните.
Асен Василев истакна дека ПП загубила на изборите со 3 проценти, земајќи го предвид гласањето во странство. Ова им дава јасен мандат на ГЕРБ и ДПС да се здружат и да управуваат со државата, повика Василев.
