Почесниот претседател на ВМРО БНД и поранешен бугарски министер за одбрана Красимир Каракачанов вели дека дека премиерот Кирил Петков ќе изврши национално предавство на 24 мај.

„Петков сака да направи национално предавство за да го одработи тоа за што некој го извади од никаде и го направи премиер на Бугарија. Тоа ни е јасно на сите“, вели Каракачанов мислејќи притоа на најавите за можно „кревање“ на бугарското вето за Македонија во ЕУ..

„Бугарскиот став е јасен: Компромиси за темата С. Македонија не се прават додека не се промени политиката на Скопје кон Бугарија“, кажа Каракачанов.

„Тврдењата дека наш национален интерес е да бидеме опкружени со земји-членки на ЕУ поради војната во Украина, се целосна глупост и зборува за наивност. Македонија и Албанија се членки на НАТО. Ова им дава гаранција за безбедноста, а не членство во ЕУ“, рече поранешниот воен министер.

Каракачанов додаде и дека „сите сакаме да имаме партнери од ЕУ на Балканот, но членството во ЕУ значи исполнување на критериумите“.

„Дефинитивно немаме интерес земја како Македонија, која води антибугарска политика, да стане членка на ЕУ.

Затоа што сите овие практики на фалсификување на бугарската историја, прогон на Бугарите, претензии кон националните малцинства во Бугарија ќе станат многу посериозен проблем кога оваа земја ќе стане членка на ЕУ“, рече Каракачанов.