„Денес гласав машински затоа што не сакам моите две ќерки да одат да студираат во странство, сакам мојата трета ќерка да може да се врати на работа во Бугарија“!
Ова го изјави екс-премиерот на Бугарија (со најкраток стаж во историјата на оваа земја) откако гласаше на денешните петти по ред парламентарни избори во последните две години.
Тој уште додаде дека сакам да ги видам моите другари во Варна но да не патувам 5 часа, туку 3 часа.
„Сакам кога патуваме низ Европа да не се чувствуваме како луѓе од втора категорија, на секоја станица да ни ги проверуваат документите“, рече Петков.
Петков понуди авионска линија Софија-Скопје која набрзо се покажа дека е економски неисплатлива
Покрај тоа, тој рече дека гласал за „нормална европска влада“, европски патишта, здравство и образование.
„Всушност, гласав затоа што сфатив дека нема спасител и тоа зависи од секој од нас.
На прашањето на News.bg дали по овие избори гледа други „добри сили“ во парламентот, Петков не одговори, туку повлече заедно со сопругата по изјавата која траеше неполни 2 минути.
