Петков чека нов мандат од Радев

Во понеделник наутро ќе поднесеме оставка, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков, кој престојува во Брисел каде што учествува на Самитот на лидерите на Европската Унија и Западен Балкан, а чиј кабинет падна по гласањето недоверба во средата.

Гласањето го иницирапше ГЕРБ на Борисов, поради економските неуспеси на владата. За недоверба изгласаа 123 пратеници, против 116.

Претходно денеска, претседателството официјално одговори што ќе се случува по оставката:

Шефот на државата Румен Радев ќе ги започне консултациите со пратеничките групи за давање на мандатот за формирање нова влада откако премиерот до Народното собрание ќе ја поднесе оставката на актуелната влада.

Кирил Петков веќе неколку пати изјави дека ќе се обиде да формира нов кабинет откако претседателот ќе го врачи мандатот од претседателот на „Продолжуваме со промената“. Според Петков, главниот состав на владата ќе биде ист.