Петкилометарска колона и 12 часа чекање за излез од Србија во Унгарија кај Хоргош

Враќањето од божикните и од новогодишните празници го затна граничниот премин Хоргош на српско-унгарската граница, каде што се формираа колони од 5 километри и за излез од Србија во Унгарија утрово се чекаше по 12 часа.

„Утрово опашката беше долга 5 км. Во моментов работат сите пет ленти за автомобили и една за автобуси. Меѓуграничната зона меѓу Србија и Унгарија е во целосен хаос и преполна“, јави дописникот на бугарската новинска агенција БГНЕС.

Најмногу автомобили има со регистарски таблички од Германија, Австрија, Бугарија, Македонија и Турција.

За излегување од Србија во Хрватска, пак, се чека околу 4 часа.