Хрватската европратеничка Маријана Петир им реплицира на тие што противниците на договорот Заев-Ципрас, кој предвидува преименување на македонската држава во Република Северна Македонија, ги етикетираат како националисти.
„Јас не сум националист. Само ги сакам Хрватска и Македонија“, порача преку „Твитер“ докажаниот борец за македонската кауза, основач и шеф на Групата пријатели на Република Македонија во Европски парламент до февруари годинава, кога Владата на Заев ја смени од таа позиција.