На 13 декември на веб-страницата на претседателот на Украина, осамна петиција , во која се бара да се разгледа можноста за признавање на независноста на Косово.

До овој момент гласале речиси 3.000 лица, а до крајот на гласањето остануваат уште 88 дена, стои на веб-страницата на претседателот Зеленски.

Иницијатор на оваа иницијатива е пратеникот Алексеј Гончаренко, јавуваат украинските медиуми.

Доколку петицијата собере 25.000 потписи, претседателот на Украина ќе мора да одговори на оваа иницијатива.

Гончаренко истакна дека Меѓународниот суд на правдата во 2010 година објавил дека правото на државен суверенитет на Косово не е во спротивност со меѓународното право, не прекршува ниту една резолуција и меѓународни акти.

Независноста на Косово сега ја признаа половина од земјите-членки на ОН, вклучително и САД, како и повеќето земји од ЕУ и НАТО.