Петар Колев: Македонија ќе добие жолт картон за отворањето на културниот клуб во Благоевград

Лидерот на партијата „Граѓанско демократска унија“(ГДУ) во Македонија, Петар Колев, за БТВ изјави дека очекува Македонија да добие „жолт картон“ во врска со отворањето на македонскиот културен клуб во Благоевград.

Според него македонските Бугари своите организации (во Македонија) ги отвораат според правниот поредок, според Уставот и законите.

Вели дека тоа предизвика реакцииво македонското општество, а македонскиот парламент собра мнозинство и изгласа закон за забрана на ваквите организации.

„Кога една политичка елита не сака да оди напред, избира што и е најлесно, а тоа е конфронтацијата со Бугарија. Ако македонската влада продолжи со оваа лицемерна политика и двојни игри од времето на Југославија, дека ќе ја осигураат европската иднина на македонските граѓани, длабоко се лажат. Така не се постигнуваат европските цели, вели Колев како што пренесува Њуз.бг.

Тој додаде дека Македонија има домашна задача пред да започне вистински преговори со Европската унија.

Колев вели дека нема да биде изненаден ако наскоро Македонија добие жолт картон од Европската комисија – дека на овој начин македонската земја не може да ја спроведува својата политика.