Перо Антиќ на владин настан на кој присуствуваше врвот на СДСМ

Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија Перо Антиќ е прикажан во владиното соопштение за настан по повод отварање на терен за мал фудбал и ракомет во Куманово.

На владиниот настан според соопштението присуствувале функционери на СДСМ без висок претставник од ДУИ или од други партии.

За разлика од фудбалската, ракометната или одбојкарската, кошаркарската федерација на Македонија е единствената што го смени своето име во КФ на С. Македонија а е предводена од Перо Антиќ кој вчера бил дел од партиската пропаганда на СДСМ на владин настан.

Настанот на кој бил Антиќ е само во прва фаза, кошаркарското игралиште ќе се реконструира подоцна.

“Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев вчера се обрати на настанот по повод првата фаза од целосната реконструкција на игралиштето за фудбал и ракомет од спортскиот комплекс „Соколана“ во Куманово.

На настанот присуствуваа градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, како и други гости спортски работници од општината и од државата, пишува во владиното соопштение во кое е објавена слика на Антиќ.

Линк