Членови на бугарското ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов и казнетиот за употреба на нацистички поздрав бугарски европратеник Ангел Џамбаски се обидуваат да го попречат отворањето на клубот на Македонците во Благоевград.

Пред клубот Никола Вапцаров во Благоевград утрово се собрани повеќе сопартијци на Каракачанов и Џамбаски кои пуштаат силна музика со цел да се спречи церемонијата на отворање на клубот на Македонците.


Гласната музика се состои од воени маршеви и песни кои имаат територијални претензии кон Македонија.

Членови на организаторите на клубот на Македонците прашуваат кој го крши законот во Бугарија.

Повеќе во видеото на Македонската информативна агенција на овој ЛИНК

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/6018571688174880/

Во Благоевград е и првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пред силно полициско присуство во Благоевград: Ние сме Македонци, никогаш нема да разговараме на таа тема