Во очи на големиот протест кој на Светскиот ден на пензионерите ќе се одржи пред Владата во Скопје, пензионери од повеќе градови одржаа собири низ повеќе градови од внатрешноста. Само Плоштадот Александрија во Прилеп, беше претесен да ги собере сите кои дојдоа да се договорат за протестот во Скопје. Тие ги повторија барањата од кои нема да отстапат се до нивно исполнување. А тоа се линеарно покачување од 3.500 денари за секој пензионер и промена на методологијага за понатамошна пресметка на пензијата. Обвинија и за притисоци кон пензионерите од страна на одредени членови на Здружението на пензионери.

Притисоците се преку Здружението на пензионери, тие си оделе по ограноците и им кажувале на пензионерите да не излегувата и да не даваат поддршка на протестите кои се одржуваат. Луѓето со 10.500, 13.300, 15.000 денари да издржат, односно не можат основните продукти и основните потреби да си ги задоволат, пред се лекарствата. Ако купат лекарства ќе немаат за храна, ако купат храна ќе немаат за лекарства. Значи доста е, ќе им кажеме и на премиерот и на министерката, овие луѓе мора да живеат“, рече Верче Јанческа, пензионер од Прилеп.


Од Владата ќе бараат став за тоа дали е точно дека граѓани на Косово земаат пензија од нашиот Фонд, ако еден граѓанин плаќа за пензија до 64 години, а просечниот век на граѓаните бил околу 73 години, како можело да нема пари во Фондот. Во посебен фокус на разговорите на засегнатите страни е воведување на мерки за пензионерите со најниски пензии.