“Не сме дојдени од старост и лудост, туку од старост и гордост. Не’ убедуваат дека 78% е рамно на 6%. Денес протестираме за сегашноста, а ни лепат паетиски етикети. Не видов тука никој да ја покаже партиската книшка, сега сме единствени“.

Ова се дел од изјавите на пензионери кои денеска од цела Македонија допатуваа во Скопје да го изразат протестот поради неправедно ниските пензии.


„Бројката на пензионери е 300.000. Две третини се на работ на сиромаштија. Ние сме тие што излегуваме на избори и го решаваме победникот, а секогаш не изневеруваат. Ние сме тие што ќе ја создадеме иднината, ама не треба да бидеме понижени пред крајот на својот живот“ велат пензионери дојдени од Штип за А1.Он.

На најавениот протест пензионерите побараа линеарно зголемување на пензиите и утврдување на минимална пензија – не пониска од 20.000 денари.

„Ете колешката зема 10.000 11.000 што ќе направи со тие. Само давачките кон државата се толку. Каде ни одат парите? Државата да поведе сметка, не само они да земаат пари. Судиите, адвокатите, обвинителите треба да се замислат“, изјави пензионерка за Макфакс.

Протестот започна седиштето на Сојузот на здруженија на пензионери каде што побараа оставка од раководствот, а потоа се упатија кон Министерството за труд и социјална политика каде бараат средба со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

На патот до Министерството за труд тие го исвиркаа Собранието и Министерството за финансии и извикуваа „оставка“, „оставка“, пренесе Плусинфо.