Американската воена истрага покажува дека американскиот напад со беспилотни летала во Кабул во август во Кабул бил извршен против погрешна цел, објави Си-Ен-Ен.
Нападот, во кој загинаа 10 лица – од кои 7 деца – имаше за цел да убие опасен терорист. Меѓутоа, според истрагата, жртвите биле цивили.
Пентагон го опиша инцидентот како трагична грешка, а министерот за одбрана Лојд Остин се извини, велејќи дека во воздушниот напад загинал и човек кој работел за меѓународна добротворна организација, јави Гласот на Америка.
„Се извинуваме и ќе научиме од оваа страшна грешка“, рече Остин во изјавата.
Шефот на американската Централна команда, генерал Френк Мекензи, изјави дека во моментот на издавање на наредба за нападот, бил убеден дека е терорист кој претставува непосредна закана за американската војска и цивилите на аеродромот во Кабул.
