„Не можам да кажам кои мерки ќе ги преземеме, но ја следиме таа ситуација, непријатна е. Преголема штета трпат граѓаните заради, можам да кажам, некакво самоволие кое е присутно на улиците во Скопје“ изјави денеска министерот за локална самоуправа Ристо Пенов кој синоќа преку Тв екраните упатти порака дека има „инструмени“ како да се отстрани блокадата на приватнмите преозници

„Ние, одејќи накај Струмица, едвај излеговме од Скопје. Непотребно. Тој протест треба да биде насочен кон тие што го креираат или тие што мислат дека им го креираат проблемот. Вака, штетата ја плаќаат граѓаните, секој по половина час најмалку во денот вози повеќе, троши гориво, се губат работни часови, бизниси, што е огромна штета за граѓаните“, изјави Пенов денеска од Струмица.

Превозниците на „Слобода превоз” и „Макекспрес” веќе втор ден оваа недела протестираат со блокади и очекуваат решение за нивните барања, односно да се подмири или евентуално да се почне подмирувањето на долгот што Град Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие го има кон нив.

„Протестот на приватните превозници е законски и е законски најавен, доколку Ристо Пенов смета дека има нешто што е погрешно во целиот случај и дека може нешто да стори за да престане протестот, тогаш нека го направи тоа.

Може и тенкови да ни испрати или можат да стрелаат врз возачите на блокадите“, изјави директорот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски како реакција на синоќешната изјава на Пенов дека Владата има инструменти и насилно да ги прекине блокадите.