Претседателот Пендровски и премиерот Ковачевски направиле катастрофална координација и грешка што ја направиле малкумина шефови на држави и влади. Грешката укажува дека меѓу кабинетите на Пендаровски и Ковачевски воопшто нема координација или дека двајцата знаат дека ова е последна шанса како првите луѓе на државата и владата да заминат во САД на Генерално собрание и истата ја искористиле.
Во наредниве неколку дена и претседателот и премиерот заедно ќе бидат надвор од државата што редок пример на претставници на највисока извршна власт во исто време да бидат во странство. Вообичаено е во светот кога премиерот е на пат претседателот да биде дома и обратно.
Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски е во неколкудневна работна посета на Соединетите Американски Држави.
Со премиерот Ковачевски во САД е и заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.
Во рамки на посетата, премиерот Ковачевски ќе оствари средби во Њујорк со високи претставници на Стејт Департментот, на Светскиот економски форум и Светска банка, со претставници на мултинационални компании и македонската бизнис заедница во САД, како и со претставници од Европската Унија.
Меѓу предвидените средби се состаноци со управниот директор на Светскиот економски форум, Мирек Душек, со управната директорка на Светска банка, Ана Бјерде, како и со заменикот помошник државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар и со специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.
Владата тврди дека фокусот на разговорите е економскиот развој на Република Македонија, атлантското партнерство, европските перспективи и важноста на стратешкото партнерство помеѓу Северна Македонија и САД во сите овие процеси од значење за квалитетот на живот на македонските граѓани.
Во рамките на работната посета на САД, премиерот Ковачевски ќе присуствува и на прием по повод одбележување на 50-годишнината од членството на Германија во Обединетите нации.
Претседателот Пендаровски во исто време се наоѓа на Генералното собрание на обединетите нации во Њујорк.
Поради лакомоста на Пендаровски и Ковачевски да патуваат во странство во исто време
Овие денови Македонија ја водат функционерите на ДУИ Џафери и Груби