Христијан Пендиков, новоосвестен Бугарин што неодамна се претставуваше како Македонец, продолжува да се жали во бугарските медиуми за односот кон него во Македонија 11 месеци откако беше натепан во Охрид.
„Ова е терор што самата држава го дозволува врз Бугарите и луѓето кои се чувствуваат како Бугари во Репиблика Северна Македонија. Очекуваме судот да донесе правилна одлука. Заканите продолжуваат секојдневно, велат дека ќе ме убијат, велат дека нè мразат, ќе нè обесат само затоа што се идентификуваме како бугарска заедница во РСМ и сакаме да ги имаме истите права како и сите други граѓани во државата“, рече Пендиков во програмата Брисел 1 на телевизијата Бугарија он ер.