Пендиков: Раните ми зараснаа, но нема да ги заборавам навредите дека сум Бугарин!

Новопечениот Бугарин со тапија, Христијан Пендиков, еден ден по добивањето на бугарското државјанство најави дека на крајот на месецот ќе се врати во Македонија за претстојното судско рочиште за нападот врз него.

Секретарот на затворениот бугарски „културен“ клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, пред Бугарската национална телевизија (БНТ) се пожали дека сè уште има многу македонски Бугари, како што се претседателите на бугарските клубови во Македонија, кои немаат бугарско државјанство, а за тоа одамна доставиле документи.

За ноќта кога беше натепан вели дека раните му зараснале за неколку месеци, но нема да ги заборави навредите дека е Бугарин.