Потпретседателката Илијана Јотова му ги предаде бугарските лични документи на Кристијан Пендиков, охриѓанец и поранешен секретар на клубот „Борис Трети“ кој на 19 јануари беше натепан, наводно, поради неговото бугарско самочуство.

На свеченоста присуствуваа официјалните министри за правда и за надворешни работи.

„Од денеска ќе имате корист од заштитата на бугарската држава. Од денеска ќе ги имате правата и обврските на секој бугарски граѓанин според Уставот. Од денеска станувате и државјанин на Европската унија“, му се обрати Јотова на Пендиков.

„Секој граѓанин на Европа има право на својот идентитет, да го покаже и да го заштити. Бугарија е рамноправна членка на ЕУ и ќе инсистираме и бараме од нашите партнери и соседи од Република Северна Македонија да ги признаат правата на Бугарите, да ги вклучат во нивниот Устав“, нагласи Јотова.

Таа посочи дека Бугарија строго ќе следи дали се почитуваат правата на Бугарите во Македонија.

„Таму каде што нема права, нема и Европа“, рече потпретседателката, пренесоа медиуми.