Пендаровски во судир со шефот на Европска народна партија и со највлијателниот германски весник

Кандидатот за претседател на власта Стево Пендаровски го обвини Јозеф Дол, првиот човек на најголемата група во Европскиот Парламент – Европската Народна Партија (ЕПП) дека снимал спотови за Груевски.

Откако Сиљановска Давкова на дебатата во 24 Вести рече дека од Јозеф Дол добила подршка, Пендаровски во обид да го денунцира нејзиниот поддржувач забележа дека шефот на ЕПП снимал спотови и за Никола Груевски.


Откако Сиљановска забележа дека не е добро човек што сака да биде претседател да влегува во конфликт со партнери во Брисел како Јозеф Дол и дека претходно поради навреди кон новинар на „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ бил цел на потсмев, Пендаровски рече дека новинарот Мартенс бил личен пријател на Груевски и дека сите во Македонија го знаат тоа.

Овој дел од дебатата е меѓу 51 и 52,30 на линкот од видеото

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2363290987281941&id=137663793000420