ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски уште еднаш покажа дека е партиски портпарол на криминалците и на Заев

Во ситуација кога имаме киднапиран пратеник, за да владата преживее за да продолжи да краде. Во ситуација кога струјата ќе поскапи двоцифрени проценти, поради неспособната влада и криминалните тендери од РЕК Битола. Кога државата е легната на колена и економски и идентитетски. Кога се уште сме надвор од ЕУ, Стево Пендаровски наместо на страната на народот, се стави на страна на криминалците и Зоран Заев преку лажни толкувања на изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Стево Пендаровски уште еднаш покажа дека е партиски портпарол на Заев, наместо претседател на сите граѓани на Македонија, велат од партијата.