Претседателот на државата Стево Пендаровски смета дека Апелацискиот суд ќе има работа да потврди дали има доволна основа да се осудат обвинетите Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељаноски и Владимир Атанасовски за „терористичко организирање за настаните на 27 април“ објави Плусинфо.

„Ако е точно дека главниот аргумент е дека водењето на седницата било спротивно на деловник, тогаш тоа евентуално би било неделовничко работење, а не организирање на терористички напад“, рече Пендаровски на денешниот брифинг за новинарите.

Пендаровски смета дека нема никаква логика организаторите да добијат 6 години, а извршителите 18 години затвор, бидејќи се судат за исто дело.

„Ако го нема Груевски тука, тогаш многу тешко може да се дојде до вистинската слика за 27 април“, смета Пендаровски.