Жителите на Македонија беа шокирани откако Бугарија го блокираше патот кон Европската Унија, пренесуваат бугарски медиуми дел од интервјуто на претседателот Стево Пендаровски за емисијата „Трилинг“ на ТВ 24.
„Претседателот истакна дека првите сигнали за намерата на Бугарија се појавија пред околу три години пред потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство во 2017 година.
Тогаш бугарскиот амбасадор во Брисел испрати писмени барања кои ги изненадија сите земји-членки на ЕУ, вклучително и предлози дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот и дека Македонците се од 1944 година, како и замена на терминот „окупација“ со бугарско присуство во Вардарска Македонија по 1941 година со ‘администрација‘“, пренесува Њуз.бг.
Агенцијата пренесува дека „Пендаровски истакна дека овие барања немаат основа во билатералниот договор и смета дека се користат за политички цели наместо да служат за евроинтеграциите на регионот“.
