Претседателот Стево Пендаровски му се придружи на премиерот Зоран Заев во антидатирањето на највисоките државни функции, претставувајќи се на Твитер како „петтиот претседател на Република Северна Македонија“.
Државното име со додавката Северна, спротивно на волјата на македонските избирачи изразена преку масовниот бојкот на пропаднатиот референдум од 30 септември 2018 година, Владата на Заев официјално го прогласи на 12 февруари годинава, па Пендаровски може да биде само прв нејзин претседател, а не петти.
Четворицата негови претходници Киро Глигоров, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов беа (избрани за) претседатели на Република Македонија.
