Претседателот Стево Пендаровски соопшти дека ќе прогласи нова вонредна состојба, само ако има договор меѓу партиите за датумот за избори.

„Претседателот е подготвен да донесе нова одлука за прогласување на вонредна состојба на територијата на цела држава, само доколку претходно биде постигнат меѓупартиски договор на сите политички субјекти за датум на предвремените парламентарни избори, заради создавање на правна рамка за нивно непречено организирање и спроведување“, велат од Кабинетот на Пендаровски за МИА.

Лидерот на вмро-дпмне денеска рече дека за оипозициската партија е прифатлив секој датум по 15 јули.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, пак, се повлече од можноста избори да се организираат на 8-ми јули и го посочи 5-ти идниот месец како изборен ден.

Претходно од владејачката СДСМ и од Заев се споменуваа 14 јуни (денеска) 21 јуни и 5-5и и 8-ми јули како можен датум за избори.