Откако Фокус објави дека му дал помилување на Бедри Зекири, криминалецот кој е кандидат за шеф на скопското подземје, претседателот Стево Пендаровски, се обидува да најде оправдување на чекор за кој не може да се најде логично алиби освен корупција и соработка со криминал.
Во реакцијата од кабинетот на Пендровски истакнуваат дека Зекири поднел молба за помилување за 2 кривични дела, а со помилувањето од 6 месеци ќе треба да издржува затворска казна до 2027 година.
„Лицето Бедри Зекири има поднесено молба за помилување за извршени 2 кривични дела – убиство во обид и учество во тепачка. Вкупната затворска казна му е 4 години и 11 месеци. Комисијата за помилување како советотдавно тело на претседателот Пендаровски едногласно му предлага на претседателот да биде помилуван за 6 месеци. Со ова помилување, лицето Бедри Зекири затворската казна ќе ја издржува до 2027 година“, велат од Кабинетот на Пендаровски.
Со скандалозната одлука на комисијата формирана од Пендаровски на идниот шеф на скопското подземје му се дава шанса порано да ја преземе контролата врз мафијата во главниот град.
Дали Пендаровски очекува помош од групата на Немири или во прашање се други бенефиции за тие што го ослободиле е прашање на кое може да одговори и јавното обвинителство.
Повеќе детали за скандалот