Според Уставот, крајниот рок за формирање на Парламентот е 20 дена по одржувањето на изборите. Претседателот на државата Стево Пендаровски е должен во рок од 10 дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.

„Ќе имаме консултации со политичките партии пред доверувањето на мандатот, а консултациите ќе се одржат по конституирањето на Собранието, вели претседателот на државата, Стево Пендаровски“, за ТВ21.

„Согласно уставните одредби, мандатот за составот на Владата ќе го довери на кандидат на партијата, односно на партиите што ќе обезбедат мнозинство во Собранието“, вели претседателот Пендаровски.