Пендаровски призна дека во Америка праќаме амбасадор предавач на Академијата на Путин (ВИДЕО)

Претседателот Пендаровски призна дека Македонија во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк македонските власти праќаат професор што долго години како визитинг професор предавал на Путиновата Академија во Москва.

Пендаровски ги потврди информациите на Снежана Лупевска во чија емија Топ Тепа на Телма тој рече дека знаел за соработката на Фрчкоски со научната институција на рускиот претседател Путин.

Фрчкоски пред Пендаровски да потпише указ за испраќање на Фрчкоски во ОН беше одбиен за амбасадор во Вашингтон од страна на САД каде македонските власти сакаа да го испратат на дипломатска мисија.

Двете главни причини за недавање агреман за странски амбасадор во САД се врски или инволвираност со фактори поврзани со корупција и криминал или соработка со служби или земји кои се сметаа за непријатели ентитети.

Лупевска наведува дека за да се биде предавач на Путиновата Академија во Москва предавачите треба да задоволуваат одредени критериуми кои се поврзани и со политички ставови.

Делот каде што Пендаровски одговара на Лупевска за прашањето како токму сега кога Русија на чело со Путин започна агресија на Украина тој потпишал указ за амбасадор на Фрчкоски кој е предавач во Москва.

Целата емисија на Телма во која Пендаровски зборува и на други теми на овој линк

https://www.facebook.com/TVTelma/videos/333709685478114/