Пендаровски: Палењето на КЦ „Иван Михајлов“ во Битола не води никаде

Откао утрово беше запален влезот на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, а Јавното обвинителство веќе издаде наредба за да биде извршен увид и да бидат откриени сторителите, реагираше и претседателот Стево Пендаровски кој најостро го осуди чинот.

Шефицата на бугарскто МНР доаѓа во Битола

„Најостро го осудувам палењето на објектот на културниот центар на бугарската заедница во Битола. Ваквите чинови се провокација и не одат во прилог на унапредување на односите со Бугарија“, реагираше Пендаровски.

Најостро го осудувам палењето на објектот на културниот центар на бугарската заедница во Битола. Ваквите чинови се провокација и не одат во прилог на унапредување на односите со Бугарија.— Stevo Pendarovski (@SPendarovski) June 4, 2022