Пендаровски пак не се поклони на гробот на Гоце Делчев

Претседателот на Македонија Стево Пендаровски повторно не се поклони на гробот на великанот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев.

Во соопштението од кабинетот на Пендаровски се вели дека наместо него тоа го сторил шефот на неговиот кабинет.

“Делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, предводена од генералниот секретар, Миле Бошњаковски, денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“, по повод 118-годишнината од неговата смрт”, се вели во соопштението кое не открива зошто шефот на државата лично не се поклонил на апостолот на македонската борба за независност.

За денот на погибието на Делчев Пендаровски до пладне немаше објавено ништо на неговиот Фејсбук и Твитер профил.

Таму нема никакви информации за други активности на Пендаровски кои би го спречиле да му оддаде почит на Делчев што ја отвара дилемата дали неодењето на гробот на Делчев во црквата Свети Спас има друга лична или политичка позадина.

Истата ситуација, тој да не се појави на гробот на Делчев а тоа да го сторат членови на неговиот кабинет се случи и на денот на раѓањето на човекот кој загина за независната држава на чие чело сега е Пендаровски.

Дали Пендаровски токму на датумите на раѓањето и смртта на Делчев има други неодложно обврски или пак се работи за негова политика поврзана со притисокот од Бугарија за националноста на великанот засега од неговиот кабинет не објаснуваат.

Предходно Пендаровски даде контроверзна изјава за припадноста на Делчев која ја згрози македонската јавност.