Во интервју за емисијата ,,Патот кон” на Алсат М претседателот Пендаровски јавно признава дека Агенцијата за разузнавање која е под негова контрола а директорот Еролд Муслиу е именуван од него знаела за руските врски на Александар Онишченко.

Пендаровски вели дека Агенцијата за разузнавање не била прашана за Онишченко но не кажува зошто тој или Еролд Муслиу не ја предупредиле владата кога предлогот за македонски пасош за рускиот кодош како што Пендаровски го нарекува Онишченко, дошол на дневен ред.

Пендаровски освен брифинзи со Муслиу има редовни контакти и со шефот на АНБ Виктор Димовски кому можел да му каже тоа што го знаела Агенцијата за разузнавање под негова контрола.

Зошто Пендровски не ја предупредил владата за рускиот шпион останува енигма.

Оваа изјава е на 33 минута од интервјуто на Пендаровски за Алсат.

https://fb.watch/hjGTHORYpq/