Претседателот Стево Пендаровски го одложил вчера најавеното интервју за ТВ21 во кое според најавата требало да одговори на аргументите на народот кој смета дека не треба да се прифати францускиот предлог.
Официјално Пендаровски и неговиот кабинет процениле дека може да има закана за неговата лична безбедност ако на патот до ТВ21 се сретне со демонстрантите кои протестираат во близина на Собранието каде се наоѓа и телевизијата.