Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска соопшти дека од Владата не добил барање за продолжување на вонредната состојба која на сила од 18 март и дека во овој момент, според него, нема потреба за продолжување на вонредната состојба.

„Нема потреба да прогласам нова вонредна состојба. Добив информација дека се обезбедени доволни количини на медицинска и заштитна опрема за следниот период.

Во прилог на тоа говори дека Владата не достави формално барање за воведување на нова вонредна состојба“, рече Пендаровски.