Претседателот Пендаровски не го демантира тврдењето дека се занимава со оговарање на други политичари.

Последен човек кој за него проговори дека е ,,алапача” односно дека сака да оговара други луѓе е потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски кој во интервју за Фокус врз основа на негови сознанија вели дека Пендаровски се однесува недостоинствено за функцијата што ја врши.

,,Се работи за најслабата личност кој дошла на оваа позиција. Се работи за една класична алапача, оговарач, кој времето го троши во озборување од политички пријатели до политички опоненти, најчесто со ваши колеги новинари на седенки на кои раскажува прикаски за други личности, најчесто му се неточни. Агенцијата за разузнавање ја претвори во Агенција за собирање трачеви и афери и на тој начин ја уништува”, вели Николовски во интервју за Фокус.

Дали затоа што знае дека Николовски има информации кои не можат да бидат побиени или од други причини Пендаровски не демантира дека е ,,алапача” и дека ја уништува Агенцијата за разузнавање.

Од кабинетот на претседателот Пендаровски нема ниту најава за тужба, најверојатно од страв дека на евентуално судење може да се појават сведоци кои би потврдиле дека тој сака да зборува за други луѓе зад нивниот грб.