Пендаровски љут, во СДСМ хаос, Службен весник на “готовс”

Повеќе вработени во “Службен весник” на РМ вечерва се во состојба на проправност во очекување на владина седница на која се очекува да се донесат повеќе одлуки кои СДСМ планира да ги објави додека трае вонредната состојба или пак да бидат објавени евентуални одлуки кои се однесуваат на нова вонредна или кризна состојба.

Лидерот на СДСМ Заев утринава во Струмица ретерираше од ставот дека владата нема да бара нова вонредна состојба и најави владина седница на која може од претседателот Пендаровски да бидат побарани нови 3 дена вонредна состојба за изборите да бидат на 8 јули.

Заев и СДСМ но и претседателот Пендаровски кој според негови соработници бил крајно резигниран од односот на матичната партија и лидерот Заев влегоа во сопствена замка по вчерашната најава дека веќе нема потреба од вонредна состојба а денеска имаме рекордни 8 починати и 196 инфицирани.

Нејасно е како сега Пендаровски ќе објасни зошто ја продолжува вонредната состојба без да биде обвинет дека е “чирак” и злоупотребен од страна на Заев кој не се откажува од обидот да добие избори веднаш по секоја цена.

Во моментов врвот на СДСМ се обидува да најде излез од ќорсокакот во кој влезе во желбата за брзи избори, а за таа намена се потребни владини одлуки кои се очекуваат доцна вечерва.

Неколку правни експерти од правниот факултет веќе одбиле да дадат свои предлози решенија за излегување од ќорсокакот а во игра најверојатно веќе не е ниту 8 јули за кој Заев зборуваше вчера.

Главната причина за тоа е што меѓународните монитори не можат да стигнат пред почетокот на кампањата која ако Заев инсистира на 8 јули треба формално да започне во вторник.