Само еден ден откако објави дека годинава нема да има Охридски пливачки маратон, чиј покровител беше тој, претседателот Стево Пендаровски изрази подготвеност да биде покровител на Струшкиот ракометен турнир?!
„Ќе ми биде чест ако бидам покровител, меѓутоа не се прашувам јас за тоа, се прашуваат домаќините. Да оставиме автономно да одлучуваат за таа работа“, изјави тој за порталот „24 ракомет“ крај теренот на Женска плажа во Струга, каде што се одржува јубилејниот 50. Струшки ракометен турнир.