Новиот претседател на Македонија, во синоќешното гостување во емисијата „360 Степени“ на „Алсат М“ соопшшти дека се преселил во претседателската резиденција на Водно затоа што не сакал неговото обезбедување да им пречи на соседите.

„Во мојата изграда има уште 19 стана во влезот и плус дополнителни два влеза. Според безбедносните правила, тоа ќе значи и промена на режимот на слободно движење на соседите. Затоа не сакав да им биде некомотно“ – рече ретседателот Стево Пендаровски, кој досега живееше во населбата Автокоманда.