Пендаровски: Јас сум прв за Бугарите во Уставот, бидејќи не мислам дека тоа е страшно

Претседателот Стево Пендаровски не очекува дестабилизација на државата по евентуална промена на Уставот заради внесување на Бугарите.

„Јас сум прв за промена на Уставот за Бугарите во Устав, бидејќи не мислам дека тоа е страшно и оти ќе ја дестабилизира државата. Освен Македонците, имаме и други делови од народи. Меѓутоа, ако ги немаме потребните 80 пратеници, како ќе ги направиме“, изјави Пендаровски на ТВ 24.

„Недостигаат шест пратеници. Од ова што е остатокот, од овие 74 до 120, не знам еден единствен кој вели: ‘Се мислам, можеби ќе гласам’. Не сум чул. Значи, фактичката состојба е таа“, додаде тој.