Новогодишните обраќања на актуелниот претседател Стево Пендаровски на Северна Македонија и екс шефот на државата Македонија покажуваат огромна разлика во поддршката од граѓаните на првите луѓе на чело на земјата во последниве речиси 13 години.
Поддршката за Иванов е огромна, речиси 13 пати поголема од таа што ја добива Пендаровски на Фејсбук.
,,Ви посакуваме неизмерно здравје, со искрени желби за многу љубов, среќа, радости и успеси.
СРЕЌНА НОВА 2022
Семејство Иванови”, напиша екс претседателот по што доби речиси 20 илјади лајкови досега.
,,Почитувани граѓани,
Испраќаме уште една година што ја поминавме со пандемијата која одзеде многу животи. Година во која во две големи несреќи загубивме многу наши сограѓани, загуби какви што одамна не паметиме.
Пожртвуваноста, солидарноста и одговорноста на здравствените работници, спасувачките служби, волонтерите и другите луѓе со добра волја кои ги премостуваа етничките, верските, политичките, социјалните разлики за да им помогнат на оние на кои им беше потребно, се нашите херои за оваа година.
Дочекувајќи ја новата 2022 година, да се свртиме кон надежта и вербата кои ќе ни помогнат да изградиме просперитетно општество во кое сите ќе бидеме еднакви пред законот. Општество кое ќе се грижи за послабите, ќе ги вреднува и наградува доблесните, во кое младите ќе сакаат да останат и да се остварат во својата држава.
Ви посакувам спокојни празнични денови со вашите семејства и пријатели и новата 2022 година да ни донесе многу здравје.
Среќна нова година!”, порача Пендаровски на што досега доби помалку од 1500 лајка.
Пендаровски вчера објави дека има посебен тим кој ги следи сите коментари за него на медиумите и социјалните мрежи.
Коментарите се посебна приказна.
Линкови до двата писта на ФБ на Иванов и Пендаровски.
https://www.facebook.com/84922261157/posts/10158706906961158/
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=470734281084154&id=100044427579784